Македонија
8. August 2016 - 20:45

Црвениот крст на терен, апелира да се следат инструкциите за донации

Црвениот крст на Република Македонија  соопшти дека нивни тимови во  изминатите 48 часа се вклучени во помош, поддршка и евакуација на жителите. Тие дистрибуирале 3.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 45 тони вода, 90 душеци, 156 ќебиња, 130 килограми облека. Екипите на Црвениот крст укажале и 17 асистенции по прва помош. 

Во целата операција се вклучени 60 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227), а трите пунктови на Црвениот крст на терен служат за дистрибуција на хуманитарна помош.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

- жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. 

Досега се собрани 3.217.000 денари на сметката на Фондот на солидарност.

- донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143-400

Досега се собрани 5.386.000 денари со повик на телефоните.

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

- Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа, наведува Црвениот крст на РМ.