Црвена трегова прогласена во Буенос Аирес поради високите температури
Аргентинската метеоролошка служба прогласи црвена тревога, што е највисоко ниво на закана во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес поради горештините, кои почнаа на почетокот на неделата, јави ТАСС.
Високите температури претставуваат закана не само за ризичните групи, туку и за здравите луѓе, нагласи Метеролошката служба.
Во текот на денот температурата во Буенос Аирес достигнува 31 степен Целзиусов, но според метеоролозите, ако се земе предвид влажноста и другите показатели таа се чувствува како 38 степени. Синоптичарите не предвидуваат промена на температурите до крајот на неделата.
Горештините веќе доведоа до масовен прекин на преносот на струја, 127 илјади лица останаа без електрична енергија во вторникот поради преоптеретеноста на мрежата. Во моментов 35 илјади корисници се без струја.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски