Црна Гора распиша потерница по двајца Руси под обвиннеие за подготовка на пуч
Црногорските власти преку Интерпол распишаа меѓународна потернци по двајца руски државјани, кои се обвинети дека подготвувале преврат во Црна Гора, јави ТАСС.
Русите, Едуард Ширков и Владимир Попов се товарат дека подготвувале насилна смена на власта во Црна Гора, што наводно требало да биде одрганизирана на денот на парламентарните избори во земјата на 16 октомври.
Според подгоричкиот весник „Побједа“, покрај против двајцата Руси меѓународна потерница за истото дело е распишана и против тројца државјани на Србија.
Весникот наведува дека црногорското Специјално јавно обвинителство против двајцата Руси и тројцата Срби покренало обвинение за „членство и раководење со криминална организација што подготвувала терориситички чин на 16 октомври“.
Главниот црногорски специјален обвинител Миливој Катниќ на 6 ноември информираше дека група државјани на Србија, Црна Гора и Русија се обиделе да извршат „терористички акт“ во Црна Гора на 16 окромври.
Според него, организатори на овој „терористички акт“ се руски националисти, кои сметале дека власта во Црна Гора не може да биде сменета со избори, туку дека треба да биде урната со сила.
Катниќ при тоа нагласи дека нема никакви докази за поврзаност на државата Русија со обидот за преврат во Црна Гора.
Црногорските власти на денот на изборите упсија 20 српски државјани под обвинение за подготовка на „терористички активности“.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка