Балкан
16. March 2021 - 10:51

Црна Гора пред ново „затворање“

Институтот за јавно здравје ќе предложи целосно заклучување на Црна Гора, поради сложената загрижувачка и алармантна состојба, изјави епидемиологот Марија Божовиќ.

Минатата недела министерството за здравство донесе нови епидемиолошки мерки, кои вклучуваат заклучување на 11 градови и општини, а нови се најавени за утре.

„Ако земјата беше заклучена, мерките ќе дадеа резултати, но и после тоа, основните мерки ќе мора да се почитуваат затоа што вирусот е тука, а дневните бројки нè предупредуваат на тоа“, рече Божовиќ.