Балкан
16. July 2020 - 10:57

Црна Гора ја продолжи самоизолацијата од коронавирус на 21 ден

Националното координативно тело за заразни болести (НКТ) на Црна Гора донесе одлука со која самоозолацијата за контактите на заболените од коронавирус трае 21 ден, јавуваат подгоричките медиуми.

Како што е наведено, НКТ, по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, одлучи да ги измени наредбите на Министерството за здравство во врска со карантинот и самоизолацијата на лицата за кои биле или се претпоставува дека се во контакт со лица заразени со коронавирус или се суспектни дека страдаат од оваа болест, соопшти Владата на Црна Гора.

Во соопштението на НКТ се наведува дека самоизолација до закрепнувањето, а најмалку 21 ден, им е одредена и на оние кои имаат позитивен ПЦР тест за коронавирус, имаат благи симптоми или немаат симптоми на болеста.