Македонија
11. September 2021 - 16:42

ЦЈЗ Штип: Во штипските училишта нема локална трансмисија на коронавирусот

Единаесет средношколски и основци од Штипско – карбинскиот регион се позитивни на корона вирусот. Вкупно 82-ца нивни сокласници се во изолација, односно следат он лајн настава. Од Центарот за јавно здравје информираат дека според протоколите и алгоритмите, доколку се утврди дека некој ученик е инфициран со Ковид 19, во изолација одат само учениците со кои бил во близок контакт, а не и целото одделение. Поради тоа се спроведуваат обемни епидемиолошки анкети. Исто така потенцираат дека до сега нема утврдено локална трансмисија внатре во училиштата.

Состојбата во пред школските установи е стабилна. Во изминатиот период нема евидентирано заразени деца со Ковид 19, но во штипските конфекции има изолирани случаи.

Конфекциите минатото лето беа жаришта за ширење на заразата, меѓутоа сега состојбата е поинаква и нема поголеми групи на работници кои се позитивни на вирусот. Најверојатно тоа се должи на високиот процент на имунизација во Штип и регионот. Во модуларната болница хоспитализирани се вкупно 50 пациенти и има 6 слободни кревети. Во изминатото деноноќие починат е еден пациент.