Македонија
24. September 2021 - 16:48

ЦЈЗ Штип потврди локална трансмисија на Ковид во три училишта

Локална трансмисија на корона вирусот регистрирана во 3 штипски училишта. Резултатите од епидемиолошките анкети на Центарот за јавно здравје покажале дека вирусот помеѓу учениците се раширил во две основни и едно средно училиште. Според најновите податоци, позитивни на Ковид 19 се 32 ученика, а над 80 нивни сокласници се во изолација. Од Центарот информираат дека работат на денешните потврдени случаи, а по направената анкета ќе се знае колку ученици дополнитечно ќе заминат во изолација, што значи дека бројката на основци и средношколци кои во следниот период ќе следат он лајн настава ќе порасне. Учениците се на 10 до 18 годишна возраст. Раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, вели дека будно ја следат состојбата во училиштата.

-Формиравме работна група, која секојдневно за време на големите одмори, претпладне и попладне, врши контрола во училиштата, дали се следат протоколите, дали се почитуваат препораките на Комисијата за заштита од заразни болести. Досега, според кажувањата на нашата Комисија се е во најдобар ред, бидејќи секое училиште ги почитува протоколите, изјави Билјана Казанџиска, раководител на сектор за образование - ЛС Штип.

Во моментот процентот на Ковид позитивни ученици не надминува 0,5 %, ако се има во предвид дека во Штип учат близу 7000 основци и средношколци.