Македонија
16. јуни 2020 - 14:44

ЦЈЗ Куманово: Пет заболени и 23 оздравени од КОВИД 19

Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира петмина новозаболени од КОВИД 19. Три лица се од Куманово, две лица се од Липково. Денеска e регистран и еден починат пациент од општина Липково.

-Позитивните од Липково се двајца здравствени работници, медицинска сестра од инфективно одделение од општата болница и лаборант во Здравствен дом Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, доктор Ариф Љатифи.

Регистрирани се и 23 оздравени лица, од кои осум се од Куманово, петнаесет од Липково. Денеска, според податоците на јавната здравствена установа извршени се 52 тестирања, од нив 13 се контролни тестови.