„ЦИВИЛ“ потпиша меморандум за партнерство и соработка со Општина Велес
Претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска во општината потпишаа меморандум за партнерство и соработка во рамки на проектот насловен „Заедниците против насилниот екстремизам“ што „Цивил“ го реализира со поддршка на Американската Амбасада во Скопје, а насочен во сферата на превенцијата од насилниот екстремизам, радикализацијата и борбата против тероризмот.
-Меморандумите скицираат една заедничка мултидисциплинарна активност на граѓанските организации во соработка со локалните власти, полицијата, образованието и други институции, а во сузбивање на насилниот екстремизам во една рана превентивна форма.Тоа треба да придонесе кон подобрување на состојбите во доментот на безбедноста и сигурноста како и кон еден процес кон интеграција на општеството, потенцира Дерала за МИА.
Тој најави дека од „ЦИВИЛ“ ќе се обидат да ги откријат мотивите за радикализација на различни категории на граѓани на индивидуално и колективно ниво и да им понудат низа решенија за да го надминат проблемот на радикализирање.
-Ние ги подразбираме мотивите за револт и протест кај граѓаните и се обидуваме да им понудиме решенија коишто се ненасилни и конструктивни и кои водат кон вистинско надминување на проблемите на локално и национално ниво.Тие тоа можат да го искажат со протести на ненасилни начини, бидејќи насилството никогаш нема да ги реши проблемите туку ќе ги продлабочи и мултиплицира,потенцира Дерала.
Ваков меморандум ЦИВИЛ веќе потпиша со Куманово, а по Велес ќе следат со уште неколку општини.
Ново на Сител
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-

МФ ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
-

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес
-

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
-

Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија

