Македонија
16. August 2017 - 12:39

Цистерна се преврте на патот кај Делчево

Цистерна се преврте на патот Делчево-Македонска Каменица во текот на вчерашниот ден, при што тони нафта се излеани на патот.
 
Од полицијата информираат дека околу 17 часот и 15 минути вчера, 47-годишниот М.М. управувајќи цистерна полна со нафта со приколка, изгубил контрола и излетал од патот.
 
За среќа повредени нема.