Балкан
31. January 2017 - 13:22

Ципрас: Не го менуваме ставот за Косово, поддршка за Србија на патот за ЕУ

Подготвени сме да придонесеме кон зацртаната цел - Србија да стане членка на Европската Унија, рече денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, и порача дека неговата земја нема да го промени ставот за прашањето на независнота на Косово.

Ципрас, кој со српскиот премиер одржа прес конференција по нивната средба, на новинариите им пренесе дека во разговорот со својот домаќин го изнел уверувањето дека Србија е клучна земја за мирот во регионот, и дека верува дека со денешната средба е направен значаен исчекор што ќе ги унапреди односите меѓу двете земји.