Ципрас и Павлоплос за одлуката на Еврогрупата
Не смееме да ги релаксираме, туку да ги интензивираме нашите напори за динамично закрепнување на економијата, изјави грчкиот премиерот Алексис Ципрас на денешната средба со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.
Според Ципрас, одлуката на Еврогрупата е „јасна заложба за конечен крај на меморандумите со завршувањето на третата програма“.
- Ние сега мора да ги интензивираме нашите напори за формирање услови за динамично закрепнување на грчката економија, што ќе се одрази врз секојдневниот живот на грчките граѓани и нивниот животен стандард, рече грчкиот премиер.
Тој исто тка истакна дека одлуката на Еврогрупата „е одлучувачки чекор кој испраќа порака до пазарите“.
Павлопулос изрази согласување со премиерот и додаде дека „одлуката е почеток на голем напор за да се извлече земјата од кризата засекогаш“.
Министрите за финансии од Еврогрупата вчера во Луксембург постигнаа договор на Грција да и дадат нов заем од 8,5 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати