Тенис
26. January 2022 - 9:27

Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен.

Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра.

Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) – Феликс Оже-Алијасим (Канада).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија).