Loading Video...
Тенис
10. August 2018 - 19:16

Циципас го елиминира Ѓоковиќ за нов меч со Зверев

Грчкиот тенисер Стефанос  Циципас  приреди сензација на Роџерс купот во Торонто со елиминацијата на  Новак Ѓоковиќ и за првпат ќе игра четвртфинале на турнир од Мастерс серијата.

                    Мечот заврши со победа од 2-1 на 21-годишиот тенисер кој  изненадувањето го најави во првиот сет кој го доби со 6-3.   И во вториот Ѓоковиќ имаше проблеми но сепак успеа да поентира во тај-брејкот што му донесе израмнување на 1-1.

          Кога се очекуваше Ѓоковиќ целосно да го сврти мечот Циципас одигра маестрално направи брејк во вториот гем и тоа му беше доволно за најсреќниот момент во неговата кариера како што самиот изјави.

          Негов противник во следната фаза ќе биде  Германецот Александар Зверев кој беше подобар од Медведев.

          Пласман во четвртфиналето обезбеди и Рафаел Надал кој во два сета го совлада  Станислас Вавринка.