Двајца конгресемни и двајца сенатори од САД дури од ЦИА побарале детални информации за истражување на планината Арарат.
Покрај сателитските снимки користени се и оние кои ги направил шпионскиот авион У-2. Сепак, некои од снимките поради ниската облачност се прогласени за неупотребливи.
Арарат е планина со вулканско потекло со висина од 5.000 метри која се наоѓа во сегашна Турција на чиј врв според христијанското предание се наоѓа Ноевата арка. Арката се споменува во Книгата за постанокот, каде пишува дека 40 дена пловела по потопот и запрела на врвот на планината.
Според мислењето на научниците големиот потоп е тешко да се замисли, но христијанските теолози дури даваат и точни димензии на бродот и сметаат дека бил долг 134 метри, 22 метри широк и 10 метри висок.
И останатите приказни од Бибилијата ги заинтригираа научниците, па така минатиот месец е пронајден доказ за излегувањето на Евреите од Египет.