Чулев во посета на Полициската станица Радовиш
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Полициската станица Радовиш истакна дека според статистичките податоци сите безбедносни состојби во рамки на ова подрачје се стабилни и задоволителни.
Тој на работен состанок со раководството на ПС Радовиш додаде и дека сите организациски единици мора да преземат активности во насока на организирање на фер и демократски избори.
– Сите организациски единици мора да ги преземат активностите кои се во насока на организирање на фер и демократски избори. Моја обврска, но и на секоја еден кој е вработено во министерство е да гарантираме дека изборите ќе бидат мирни и безбедни, рече Чулев.
Граѓаните на Радовиш и целата држава, како што додаде министерот, заслужуваат своето граѓанска право да го изразат на мирни избори и без притисоци или други форми на заплашувања кон нив.
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата