Чулев: Истрагите во МВР ќе одговорат за сомневањата дали високи раководни структури во полицијата имале блиски релации со криминални групи
МВР во соработка со надлежните институции активно преземаат мерки и активности со цел утврдување на лица и компании што се инволвирани во нелегална трговија со дрога, перење пари и други кривични дела, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за МКД.мк., во однос на шпекулациите за тоа каде завршуваат парите од кокаинот во земјава.
– Овие активности треба да дадат одговори на вашето прашање, но и на прашањата дали со овие пари се финансирале и одредени нелегални активности, а и се переле во легални бизниси во државата. Во овој контекст ќе истакнам дека истрагите што во моментов се водат во МВР треба да дадат и одговор на сомневањата и сѐ почестите информации што стигаат до мене, а кои говорат за тоа дека дел од овие криминални групи имале блиски релации со високи раководни структури во полицијата, појаснува Чулев.
Да се воздржиме уште кратко време, потенцира Чулев, во моментов во интерес на истрагите што се во тек не би можел да изнесам повеќе информации, но верувам дека наскоро ќе излеземе со конкретни информации и сознанија на оваа тема.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација