Македонија
12. February 2020 - 16:33

Чулев и Спасовски во меѓусебни обвинувања кој е виновен што нема патни исправи

Ако денеска се јавите да закажете издавање на пасош ќе ви закажат термин во средината на април. Додека илјадници граѓани мака мачат да извадат лични документи и патни исправи, техничкиот и поранешниот министер за внатрешни се препукуваат кој е виновен за недостигот  на обрасци.

Застојот е последица на несовесно работење обвини техничкиоѕ министер и тврди дека се спроведувале незаконски  договори, тендери и исплати на фирмата Веридас. Чулев  пријавил во обвинителството дека одговорни лица од МВР ја злоупотребиле  службената  положба. Тој презентираше како се одвивала целата постапка во која, МВР иако немало склучено договор за набавка на обрасци  во времетраење од 5 или 10 години како што сметале дека треба склучувале анекси на договори со кои се  вршеле исплати пред испорака обвини Чулев.

- Речиси два пати повеке од првично договерениот износ , односно   од 7.209.963 евра со анексот кој се склучува во 2017 година, вредноста на претходно склучената рамковна спогодба од 7.209.963 евра се зголемува на фамозни 12.898.523 евра. Одиме по ред: - кон крајот на 2016 година од страна на Министерството за внатрешни работи претставувано од Оливер Спасовски  до Владата е доставена информација во која е образложена потребата од склучување на нов договор за набавка на документи помеѓу Министерството за внатрешни работи и компанијата „Веридос“  во постапка за преговарање без јавен оглас, изјави Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи.

Чулев тврди дека незаконски и со доцнење била спроведена и последната постапка за набавка на обрасци со новото уставно име минатата година. Меѓу другото се барало од фирмата да  изготви документи без да наведат како тие треба да изгледаат. Техничкиот премиер тврди дека проблемот настанал сега и му порача на Чулев сам да си го реши.

Следна испорака на патни исправи ќе биде на 28 март, дали до тогаш граѓаните ќе можат да извадат пасош е неизвесно.