Македонија
7. May 2020 - 11:27

Чулев го честиташе Денот на македонската полиција со слика од новиот спот

Големиот број на полицајци и полициски возила кои пред неколку дена беа забележани кај СЦ „Борис Трајковски“ првично предизвикаа загриженост кај граѓаните  но од МВР појаснија дека не станува збор за акција туку се снима спот.

Денеска на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција, 7 мај, објавувајќи слика од новиот спот.