Живот
6. March 2019 - 14:23

Чудо во САД: Пожар целосно уништи црква, кога влегоа внатре пожарникарите, само ова остана недопрено од огнот

Кога пожарникарите стигнале во Црквата на слободните проповедници во Градвју во Западна Вирџинија, останале вџашени од она што го виделе.

Големиот пожар, кој бил толку интензивен што пожарникарите во еден момент се повлекле, ја опустошил зградата, соопшти противпожарната единица на Фејсбук.

Додека минувале низ запалените простории, забележале нешто единствено.

„Во умот очекувате тотално уништување,  се претворено во пепел. Ниту една Библија не е запалена и ниту еден крст не е оштетен!“, се наведува во објавата.

Постот, кој стана вирален, содржи впечатливи фотографии од десетина недопрени Библии опкружени со урнатини.