Живот
6. April 2016 - 16:29

Човекот змеј: Ги отстрани носот и ушите за да личи на рептил

Поранешниот банкар Ричард Хернандез сега, трансродна личност под псевдонимот Тиамат, хируршки ги отстрани ушите за да личи на рептил.

Растејќи во Тексас (САД) Ричард Хернандез секогаш се чувствувал како жена заробена во тело на маж. Неколку децении подоцна 55-годишниот Ричард, кој денеска се вика Тиамат повеќе се чувствува како „таа“ отколку како „тој“. Тој е рептил заробен во човечко тело..

Neprepoznatljiv. Ričard pre promena (Foto: Youtube printscreen)

Непрепознатлив, Ричард пред операциите

Тиамат живее во Њу Мексико и скоро го направи зафатот наречен „дупли Ван Гог“ со кој му се отстранети ушите. Инспирирана од ликот на Волдемор од „Хари Потер“, Тиамат драстично го промени својот облик на носот. Го прекри телото со тетоважи на крлушки, стави импланти на чело и белките од очите го обои со зелена боја.

Pre i posle operacije nosa (Foto: Youtube printscreen)

Пред и по опрацијата на носот

-Се претворам во она што го викам мој вистински облик - митски змеј - објаснува Тиамат.

Во текот на изминатите година Тиамат потроши вртоглави 45.000 долари на пластични операции, а планира да ги има уште во иднина. Во 12 наврати била под нож, а дури сега се чувствува задоволно во својата кожа.

Na tetoviranju (Foto: Youtube printscreen)

-Она што го сакам кај естетските промени е изгледот, сексуалното возбудување, шокот кој го предизвикува, но најмногу од се личното задоволство и духовно значење. Препородена сум, го добил обликот што навистина го сакав. Да се достигне совршенство е магично чувство, рече Тиамат.