Македонија
5. December 2016 - 9:52

Четврток неработен ден - какво ќе биде времето?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од четири до десет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Повеќе облачност ќе има во јужните делови, особено до вторник. Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. И во четврток кога имаме слободен ден кој воедно е и последен енработен ден за неделава, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Температурата ќе се движи од -5 до 4 степени Целзиусови.