Свет
27. July 2019 - 10:30

Четворица загинати и 20 повредени од експлозија на автомобил-бомба во источен Авганистан

Четири лица денеска загинаа кога бомбаш самоубиец детонираше автомобил-бомба во истичноавганистанската провинција Газни, изјавија локалните власти, пренесува ДПА.

Во бомбашкиот напад во дистрикот Аб Банд има и 20 повредени, вклучувајќи ги и лидерите на дистриктот, членовите на провинцискиот Совет Хамидулах Навроз и Аманулах Камран, соопштија властите.

Талибанците веќе ја презедоа одговорноста за нападот.

Автомобилот-бомба бил насочен кон административната зграда, која е  целосно уништена.

И покрај тековните разговори меѓу Американците и талибанците за изнаоѓање политичко решение на ситуацијата во земјата, милитантите постојано напаѓаат авганистански и меѓународни цели низ целата земја.

Милитантите веруваат дека воените придобивки можат да ја зајакнат нивната позиција во разговорите, додава ДПА.