Македонија
14. April 2016 - 11:53

Четворица повредени кај Усје: Цистерна удри во автомобил

Сообраќајна несреќа се случи утрово во Скопје. Во близина на цементарница Усје цистерна удрила во патнички автомобил. Повредени се четворица и се пренесени во болница.За сега нема информации за тешкотијата на повредите.

До несреќата дошло кога возачот на цистерната која се движела по булеварот Србија во правец кон населба Аеродром од непознати причини решил да се врати назад и почнал да врти полукружно, со што влегол во спротивната лента на движење.

Тогаш цистерната удрила во патнички автомобил од типот „лада самара“ со кумановски регистарски таблички и го туркала сѐ до тротоарот на спротивната страна.

Фото: ТВ Нова

Фото: ТВ Нова

soobrakajka-tsementara-3-640x363

Во автомобилот имало пет лица, од кои четворица биле повредени и со амбулантно возило се пренесени во клиничкиот центар.

soobrakajka-tsementara-0

Сообраќајот на местото на сообраќајката е во застој, блокирани се сите три ленти кои водат од населба Аеродром кон цементарницата, а возилата се принудени да ја заобиколуваат сообраќајката преку тротоарот.

Полицијата направила увид на лице место и разговарала со возачот на цистерната. Сѐ уште се работи на расветлување на случајот.