Македонија
23. July 2020 - 17:37

Четворица новозаразени и петмина оздравени од коронавирусот во Кичево

Во Кичево денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирус, а пет други ја добиле битката со болеста, покажуваат податоците на Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во кичевската општина достигна на 109, од кои 85 се активни, 19 се излекувани, а пет лица починаа.

– Четирите новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба и се лекуваат во домашни услови под контрола на нивните матичени лекари и тие се во изолација. За среќа денеска имаме пет лица што ја добиле битката со вирусот, изјави д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.