Четворица египетски војници загинаа, а 12 се повредени од подметната бомба во Синај
Четворица египетски војници загинаа, а уште 12 се ранети во експлозијата на подметната крајпатна бомба во околината на градот Ариш, на Синајскиот Полуостров, пренесоа светските агенции.
Далечински активираната бомба го погодила оклопниот транспортер во кој се превезувале војниците.
Меѓу убиените е еден полковник, а дел од ранетите се наоѓаат во критична состојба.
Според некои извори, во нападот има петмина загинати војници.
Во регионот е почната операција на потрага по извршителите на нападот. Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот.
Минатата недела седуммина полицајци беа убиени во северниот дел на Синај, во напад за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.
Во пустинската област Синај има чести напади на џихадистите врз египетските сили за безбедност. Екстремистите ги засилија своите напади откако армијата во 2013 година го собори од власта претседателот исламист Мохамед Морси.
Џихадистите досега убиле стотици војници и полицајци, а почнаа да напаѓаат и западни државјнаи и објекти низ Египет.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет