Балкан
29. March 2020 - 12:32

Четoрица новозаразени со Ковид-19 во БиХ

Четворица нови пациенти се заразени со новиот коронавирус во Федерацијата Босна и Херцеговина, соопшти Универзитетскиот клинички центар во Сараево.

Во БиХ досега со Ковид-19 се инфицирани 278 луѓе, од кои шестмина починале, а осуммина оздравеле.

Додека во Република Српска потврдени се 38 нови случаи со Ковид-19, со што бројот на заразени се искачи над 200.

Во РС е регистриран и првиот смртен случај. Почина 80-годишна жена во болница во Бања Лука.