Македонија
19. September 2015 - 14:07

Четириесет години сценографско сликарство на Живојин Трајановиќ

Во рамки на програмата на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ синоќа во галеријата на Локалната установа „Градски музеј“- Крива Паланка се одржа изложбата 40 години сценографско сликарство на академски-сликар, сценограф, Живојин Трајановиќ.

- Градскиот музеј како локална установа годинава за првпат се вклучува во организацијата на придружни манифестации  во склоп на комплетната програма  на фестивалот и сметам дека ваквите настани се исклучително важни затоа што овозможуваат пошироко и шпообемно да се празнува театраската уметност, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градкси музеј, крива Паланка.
 
- Ретроспективата е емотивно патување и благодарност до авторот што ни дозволи да уживаме во него, а величината на Живојин е што со делата со еднаква уметничка магија ги вовлекува во уметноста и убавината на своите дела сите возрасти љубители на уметноста, од најмлади до најстари. Ова е трето поставување на ретроспективата, по Скопје и Куманово ,а со оваа збирка Живојин со сигурност го обезбеди своето место во друштвото на големите уметнички великани, рече на отворањето амбасадорот на Србија во Македоонија, Душанка Дивјак-Томиќ.
 
Професорот и критичар Владимир Величковски  истакна дека ретроспективата на сценографската уметност врамена во четиридецениската работа на авторот  има  вонвременска вредност и ретка е можноста да се ужива во истата.
 
- Предизвик е  сценографијата да се овековечи, а Трајановиќ е еден од ретките автори кој има завршено сценпграфија и остручено, грижливо и предадено ја собира својата уметничка работа во макеодоснката опера и балет и Македонскиот народен театар, рече Величковски.
 
Во градската уметничка галерија во Крива Паланка се изложени 40 дела од изложбата 40 години сценографско сликарство на академски-сликар, сценограф, Живојин Трајановиќ, која ќе бид еотворена за посетители до крајот на септември, а во октомври, според програмата на Локалната установа „Градски музеј“-Крива Паланка следува изложбата на фотографии во соработка со „Фото-сојуз“ на Македонија.