Четири услови за влез во Црна Гора
Црногорските државјани и странците од денеска можат да влезат во Црна Гора преку сите гранични премини покажувајќи дигитален сертификат.
– Лицата треба да имаат доказ дека се целосно вакцинирани со пропишаниот број на дози вакцина против новиот коронавирус пред да влезат во Црна Гора, издадени од овластена здравствена установа и не поминале повеќе од шест месеци од примањето на последната доза на вакцината; негативен резултат од ПЦР тест за нов коронавирус, издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 72 часа, се посочува во соопштението.
Како трет услов за влез во Црна Гора го наведуваат поседувањето на позитивен резултат од ПЦР тестот за новиот коронавирус, кој е издаден од регистрирана лабораторија и кој е постар од десет дена и не постар од шест месеци од денот на издавањето на тој тест.
– Четврти можен услов е негативен резултат на брз антигенски тест на Ковид-19 издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа, се додава во соопштението.
Доколку црногорските државјани и странците ги немаат тие докази, а имаат постојан или привремен престој во Црна Гора можат да влезат во Црна Гора со одредување мерка карантин или самоизолација од 10 денови.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење