Македонија
20. September 2021 - 12:28

Четири ученици од штипските средни и основни училишта се нови случаи на заразени со корона вирусот

Четири ученици од штипските средни и основни училишта се нови случаи на заразени со корона вирусот во текот на викендот. Регистриран позитивен на Ковид 19 е и еден наставник во деветолетка и воспитувач во градинка. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на школската година евдентирани се вкупно 25 инфицирани ученици. Половина од нив веќе се вратени на настава.

Епидемиолошката анкета што се спроведува во текот на денот треба да покаже дали ја имаат првата локална трансмисија во градинка од дете на воспитувач. Има и благо зголемување на заразени со вирусот на возраст од 10 до 19 години, но состојбата е под контрола и во моментот нема потреба од воведување дополнителни мерки. Во штипските конфекции, кои беа жаришта на вирусот, се регистрираат изолирани случаи, нема локална трансмисија, а работниците се заразени од членови на семејства. Стагнира и бројот на хоспитализирани лица во модуларната болница. Во моментот  на болничка нега се 48 пациенти, а 38 се со потешка клиничка слика и им е потребна повремена кислородна поддршка. Во текот на викендот двајца пацинети ја изгубија битката со вирусот.