Спорт плус
1. January 2019 - 19:45

Четири скокалници: Втора победа за Кобајаши

Продолжува серијата на победи за Јапонецот Рој Кобајаши. Третата по ред ја забележа во Гармиш-Партенкирхен што е негова втора победа на турнејата „Четири скокалници“ откако претходно победи во Оберстодрф.  Кобајаши триумфира  со извонредни два скока од 136,5 и 133 метри што му донесе 266 бода и предност пред Маркус Ајзенбиxлер  кој го освои второто место додека трет беше Давид Кубацки од Полска.

            Токму оваа тројка се бори за златниот орел на новогодишната серија скокалници.  Јапонецот има два бода повеќе пред Ајзенбихлер додека Кубацки е пократок 32 бода од лидерот во генералниот пласман.

            Турнејата се сели во Инсбрук  каде ќе се скока во петок додека во недела е последната серија скокови во Бишофсхофен.