Македонија
13. April 2020 - 16:48

Четири пациенти починаа на Инфективната клиника, властите бараат кој го донел корона вирусот во земјава

Нови 4 жртви од корона вирусот во земјава. Починатите на возраст до 58 до 79 години се лекувале на клиниката за инфективни болести во Скопје. Сега вкупниот број на починати се искачи на 38. Во изминатите 24 часа, во земјавата се регистрирани 26 заразени со вирусот. Најмногу или 11 се во Куманово по што следат Скопје и Тетово со по 4ца новоразаразени, Прилеп три, Велес два нови случаи.

Во меѓувреме министерството за здравство истражува од кога коронавирусот е присутен во државата. Според информациите на Сител со тестови за присуство на антитела на вирусот се тестираат претставници на дел од дипломатско конзуларните преставништва, а интензивно се работи и на случајот со починатата жена во Велес која беше позитивна на тестот.

Дали вирусот бил присутен многу порано од првиот регистриран случај, ќе се истражува и со скрининг на населението. Низ таквиот процес ќе минат до 30 проценти од населението во регионите каде повеќе не се регистрираат нови заразени.

Од здравство најавиа зголемување на капацитетите за утврдување присуство на корона вирусот. Наскоро брисеви ќе се проверуваат уште во Институтот за судска медицина и  МАНУ. Според здравствените власти со ова ќе се намали времето за добивање на резултатите.

ВО меѓувреме, од денеска е активна мобилната апликација Стоп корона која ќе служи за откривање на контакти со потенцијално заразени со коронавирус.