Четири нови случаи на КОВИД-19 во Кавадарци
Четири нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Кавадарци, информацијата за МИА утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
-Се работи за машки лица на возраст од 26 и 55 години и женски лица на 23 и 45 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Имале контакти со позитивни на коронавирус. Сега се работи на утврдување на нивните контакти, со цел нивна изолација, рече Јовановски.
На прашањето дали ноќниот живот во Кавадарци и големите собирања на одделни места се причина за појавата на вирусот кај млади личности, Јовановски нагласи дека собирањата на повеќе лица на едно место и тоа без заштита, без почитување на мерки, секако дека претставуваат ризик во ситуација на пандемија. Не само во Кавадарци, туку и во целата држава.
-Вирусот не знае за ноќ или ден, млади или стари. Но факт е дека младите повеќе се собираат. Потребно е сите да ги почитуваат мерките, додаде Јовановски.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана