Македонија
8. April 2020 - 13:38

Четири нови случаи на корона вирус во Прилеп, еден во Крушево

На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 знесува 38, информираат од локалната самоуправа.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската болница „Борка Талески“ се наоѓаат четири лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, на Инфективната клиника во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Инаку, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а за третиот пациент е во фаза на обработка.