Балкан
17. јуни 2018 - 13:23

Четири млади животи згаснаа на Ибарска магистрала: Загинаа двајца браќа и нивните колеги, се враќале од ноќна смена кога на нив налета пијан возач

Милија Пауновиќ (21), неговиот брат Петар (24) двајцата од Бумбарево брдо, Бојан Лазовиќ (24) од Бресница и Ивана Јокович (33) загинаа во страотна несреќа на Ибарската магистрала.

Покрај нив, повредени се Јелисавета Станојевиќ (28) и Гордана Симиќ (36) двете од Мрчајевци, како и возачот на „југо“ кое исто така учествуваше во оваа сообраќајна несреќа.

Milija Paunović

Петорицата, освен братот на Пауновиќ и возачот на „југото“ биле вработени во претпријатието за преработка на картија „Камелија“ во Долна Трепча, и се враќале дома од втора смена, пренесува Глас на западна Србија.

Petar Paunović

Трагедијата се случи во петокот вечер во 23:15 во местото Мојсиње, кога нивниот автомобил со кој управувал братот на Пауновиќ, дошол по нив да ги превезе дома во правец на Мрчајевци, но на него од стротивна насока налетала „шкода октавија“, под околности кои ќе ги утврдат истражните органи,

Дошло до директен судар во кој покрај четворицата мртви, две работнички од „Камелија“ се здобиле со повреди и се згрижени во општата болница во Чачак и се надвор од животна опасност.

Возачот на шкодата е уапсен

Како што наведува српското МВР, во сообраќајната несреќа четири лица загинале, две лица се здобиле со тешки, и едно со полесни повреди.

Bojan Lazović

До несреќата дошло кога возачот на патничкото возило марка „шкода“ со чачански регистарски таблички, поради неприлагодена брзина на движење, го стигнал и го удрил патничкото возило „југо“ кое се движело пред него во ист правец, по што возачот на „шкодата“ преминал на левата коловозна лента и удрил во предниот дел од патничко моторно возило „ауди“ со крагуевачки таблички кое се движело во спротивна насока.

Ivana Joković

Од силината на ударот „аудито“ слетало во канал, додека возилото „шкода“ се завртело и удрило во „југото“ кое излетало надвор од патот и удрило во метална ограда.

Во оваа незгода смртно настрадаа четири лица, додека две се здпобиле со тешки телезни повреди опасни по живот. Полесно е повреден возачот на „југото“.

По налог на заменик јавен обвинител во Чачак, на возачот на „шкодата“ Н.Ј. (39) од околината на Чачак, му е одредена мерка задржување врз основано сомниние дека извршил тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.