Фудбал
1. December 2015 - 10:10

Четири месеци пауза за Тијаго

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Тијаго Мендес (34), четири месеци ќе биде надвор од фудбалските терени, поради фрактурата на десната потколеница, со која се здоби на саботниот натпревар со Еспањол.
 
Тијаго се повреди во еден дуел со Марко Асенсио, по 20 минути игра, а на крајот неговата екипа славеше со резултат 1:0.
 
„Атлетико има многу млади играчи кои имаат способност да му помогнат на тимот да ја надмине оваа ситуација“, рекол португалскиот репрезентативец, врз кого во понеделникот беше извршен оперативен зафат.
 
Тијаго е еден од клучните играчи оваа сезона во тимот на Атлетико, кој по 13 натпревари во Примера се наоѓа на втората позиција со четири бодови помалку од лидерот Барселона.