Свет
21. February 2017 - 9:47

Четири лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Најмалку четири лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад врз судски комплекс во Пакистан, соопштија официјални претставници.

Портпарол на фракцијата на пакистанските талибанци Џамат-ур-Ахрар ја презеде одговорноста за нападот во градот Чарсада.

Обласните власти соопштија дека најмалку четири лица се убиени, а очевидец тврди дека видел „многу“ тела на местото на нападот.

Во серијата бомбашки напади во Пакистан во текот на изминатите десет дена загинаа над 100 лица.