Македонија
3. September 2016 - 13:46

Четири лица пријавени за исчезнати, полицијата трага по нив

Во полициските станици низ Македонија пријавени се четири лица како исчезнати, полицијата трага по лицата. 

Вчера С-Неготино, 57-годишната С.М.  пријавила дека во четвртокот од домот во непознат правец се оддалечила нејзината внука 16 годишна внука. 

 Исто така во плициската станица во Тетеово  45- годишниот Е.М.  пријавил дека на 27.08.2016 година од домот во непознат правец се оддалечиле неговата сопруга 42-годишната Л.Е. и неговата 16 годишна ќерка. 

 Вчера во полицисјата во К .Вода, 54-годишниот С.Д пријавил дека на 31.08.2016 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка. 

И во станицата на БитПазар,  46-годишниот И.И.пријавил дека на истиот ден околу 11,00 часот од домот во непознат правец се оддаличила неговата мајка 85-годишната Ф.И.(85). 

Полицијата превзема мерки за пријавените и интензивно се трага по лицата.