-->
-->
Четири кандидати за организација на СП во кошарка 2023
-->
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти дека досега има четири кандидати за организација на Светското првенство во кошарка, во 2023.
Во конкуренција за домаќин на мундобаскетот се Русија и Турција со поединечни кандидатури, а за заедничка организација конкурираат Аргентина и Уругвај, односно Јапонија, Филипини и Индонезија.
Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати истекува на крајот на август, а одлуката за домаќинот на Мундобаскетот 2023, ФИБА ќе ја донесе на состанокот на Централниот одбор во ноември или декември годинава.
Мундоибаскетот 2023, после Кина 2019, ќе биде втор на кој ќе учествуваат 32 земји и втор што ќе се одржи во непарна година и ќе биде увертира за олимпискиот турнир на ОИ 2024.
До 2014 кога домаќин на СП беше Шпанија, кошаркарските мундијали се „поклопуваа“ со фудбалските. ФИБА процени дека тоа го намалува маркетиншкиот потенцијал на нејзините натпреварувања и беше одлучено мундобаскетот да се помести за една година после СП во фудбал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор