Loading Video...
Фудбал
11. July 2020 - 16:20
Четири гола на Антонио во триумфот на Вест Хем над Норвич
Дуелот меѓу Норвич и Вест Хем мина во знакот на 30 годишниот напаѓач на гостите Михаил Антонио кој беше стрелец на сите четири гола за популарните „Чекани“ во триумфот од 4:0
До значајна победа и тоа со пресврти во вториот дел стигнаа и фудбалерите на Вотфорд. Иако по првиот дел во мечот со Њу Касл имаше негатива од 0-1, сепак во второто полувреме тимот на Вотфорд со двата гола на Динели од пенал стигна до победа со 2:1.
Така Вестхем и Вотфорд освоија значајни три бодови во бегство од опасната зона па сега двата тима кои собраа по 34 бодови имаат по шест бодови повеќе Борнемунт односно седум од Астон Вила.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->