Македонија
27. May 2017 - 10:33

Чествување на јубилејот од возобновувањето на Охридската архиепископија

Православната брегалничка епархија денеска во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип ќе го почне чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите.

Прославата ќе почне во 18 часот со вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.  

Утре наутро во 8.15 часот ќе бидат донесени моштите на епископот велички Гаврил Светогорец, а светата архиерејска литургија ќе почне во 9 часот. Со неа ќе началствува архиепископот Стефан, во сослужение на членовите од Светиот архиерејски синод (САС) на МПЦ-ОА.

На светата литургија ќе биде објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување во списокот на светиите на епископот велички Гаврил Светогорец.

Светите мошти на епископот Гаврил ќе бидат изложени во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.