Македонија
8. December 2022 - 9:41

Честитка од СПМ и Димовски по повод празникот Св. Климент Охридски

Дозволете ми лично и во име на членовите на Социјалистичката партија на Македонија Вам, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, искрено да Ви го честитам празникот Свети Климент Охридски.

Основоположник на македонската црковна и народна духовност, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со продлабочувањето и унапредувањето на словенската просвета, проддолжувач на делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј. 

Свети Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, Првиот универзитет на Балканот, е тој што остави непроценлив придонес во словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во душата на македонскиот народ и во неговото културно наследство, подеднакво и во историјата и традицијата на европските народи и земји.

Мудроста на Свети Климент Охридски е втемелена во светогледот на нашиот народ и на нејзините духовни вредности се развива и нашата света Македонска православна црква. 

Затоа, поттикнати од неговото величенствено дело, во овие сложени времиња исполнети со многу опасности и предизвици, покорно молиме барајќи ја неговата вековна заштитничка грижа за нашиот македонски народ во напорот за сочувување на нашето битие и негово спокојно проддолжување.

Со неговата света мудрост за нас и за нашите поколенија да обезбедиме подостоен живот со чинење добри дела исполнети со разбирање и помагање, со сплотеност и единство во нашето кревко национално ткиво.

Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски!

 

Љупчо Димовски, Претседател на Социјалистичката партија на Македонија

Социјалистичка партија на Македонија