Македонија
13. April 2021 - 12:00

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод почеток на светиот месец Рамазан

Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед дозволете ми од мое лично име и од име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан.

Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир.

Светиот месец Рамазан оваа година нека помине во благосостојба и милосрдие, но и молитви и верба дека заедно ќе ги пребродиме предизвиците на ова темно време.

Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека биде водилка која ќе го води човекот и сега и во иднина, како во врска со справувањето со здравствената криза, така и кон градењето на подобра иднина на идните генерации.

Секој со свој личен пример и одговорен однос нека даде свој придонес во заштита на својот и животот на своите ближни, но истовремено да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина Република Македонија.

Нека е лесен и благословен Вашиот пост.

Нека е честит светиот месец Рамазан.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ