Македонија
31. March 2018 - 13:21

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден

Ми претставува особено задоволство и чест, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на  радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога  ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава.

Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас. 

Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија. 

 Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна! 

Навистина воскресна!

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ