Честитка од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи по повод Водици

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, до членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
- Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот и се зацврсти темелот на верата, а вредностите на покајанието, прочистувањето, правдината и трпението добија вистинска смисла.
Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден, наведува Божиновска во честитката.
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
