Честитка од Иванов до новиот претседател на Австрија, Ван дер Белен
Претседателот Ѓорге Иванов лично и во име на македонските граѓани му го честита на Александер Ван дер Белен изборот за нов претседател на Република Австрија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
- Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската унија се пред големи искушенија. Вашиот избор значи и враќање на оптимизмот во регионот на Југоисточна Европа, регион без чија интеграција, европското обединување нема да биде целосно, и тоа Австрија добро го знае и правилно го разбира. Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат Австрија, која има силни традиционални врски со Балканот, како докажан пријател на Република Македонија, ќе продолжи да ги поддржува и ќе ги забрза нашите заложби за интегрирање во Европската Унија, пишува Иванов во честитката до Ван дер Белен.
Македонскиот претседател искажува задоволство од достигнатото ниво и континуираниот позитивен тренд во односите и соработката меѓу Македонија и Австрија и изразува целосна подготвеност да продолжи соработката како и со претходниот австриски претседател.
На тој начин, наведува Иванов, ќе дадеме придонес за натамошно унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто