Македонија
18. January 2016 - 15:48

Честитка од Божиновска по повод Богојавление - Водици

 Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.

- Празнувајќи го денот на Христовото крштевање ја празнуваме светата тајна на духовното раѓање и единство со нашата вера. Тоа е настан што нè поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме христијанското учење за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и милосрдието. На овој голем богојавленски празник, да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Радувајќи се на Христовото крштевање, осветувајќи ги македонските води, да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление - Водици, стои во честитката.