Македонија
11. December 2015 - 8:46

Чешка во Македонија може да испрати полицајци за справување со бегалската криза

Чешка би можела да и помогне на Македонија во совладувањето на бегалската криза со испраќање контингент полицајци, изјави чешкиот министер за одбранa Мартин Стропницки.  

Како што изјави дописникот на МИА од Прага, за испраќањето на помошта во Македонија идната недела во чешкиот главен град ќе разговараат претставници на земјите на Вишеградската група (В4), во која покрај Чешка се и Словачка, Полска и Унгарија. 

Во моментот, Чешка со десетици војници помага во Унгарија и Словенија.