Ракомет
17. May 2016 - 15:52

Червар нов селектор на Македонија

Тренерот на Металург, Лино Червар е изборот на комисијата за избор на селектор на македонската ракометна репрезентација на Македонија.
 
Тричлената комисија во состав Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски на денешниот состанок едногласно го избра хрватскиот стручњак за предлог до Управниот одбор тој официјално да биде новиот македонски селектор.
 
Кандидатури до РФМ, покрај Червар поднеле и Македонецот Владимир Глигоров, Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ и Шпанецот Жорди Луељес.
 
Селекторското место во репрезентацијата остана празно по отпуштањето на Ивица Обрван по неуспешните квалификации за Олимписките игри во Рио.