Чекавме внучиња, а синот ни го донесоа во ковчег!
Телото на планинарот Александар Џавовиќ (30) кој загина на 18 јуни при искачување на планината на Канин на италијанските Алпи вчера попладне е донесено во семејниот дом на Џавовиќ во Чајетина.
Очајниот татко Деспот рече дека неговиот син настрадал поради невнимание на организаторите и дека Алекса Попадиќ кого Италијаните го товарат за несреќата не е виновен.
Деспот и сопругата Мирјана со тага и болка го чекаа синот:
-Сине, сине, му се губеа зборовите на таткото Деспот додека го гушкаше ковчегот во кој се наоѓаше телото на неговиот единец.
Мајката Мирјана, која роднините ја придржуваа, потрпрена врз ковчегот жалеше за својот син.
-Мил сине, зарем така да ми се вратиш...Сине мој, мајка многу те сакаше...Се надевав на внучиња, а сега...повторуваше беспомошно мајката.
Посмртните останки на Александар Џавовиќ ги дочекаа вереницата Маја, бабата, дедото и роднините.
Додека 11 дена го чекаа телото на својот син, таткото Деспот вели дека времето за него застанало. Ги покажуваше документите кои говореа за планот за патување кој го организираше планинарско-скијачкото друштво Копаоник од Белград. Од тие документи јасно се гледа дека водичот на турата Јелена Кузмановиќ рекла дека ќе се оди на Канин (2.587 метри надморска височина).
-Ете, тоа беше планот. А зошто уморно од патот тргнале кон врвот во саботата наместо во неделата? Зошто не се придржувале кон планот, кој им дозволил, кој им бил водич на патот? Мојот син е планинар и не е алпинист. Требаше да полага за планинарски испит, вели таткото Деспот и додава дека оваа група не била пријавена ниту во словенечката ниту во италијанската горска служба, и дека патеката не била проверена.
-За несреќата се товари Алекса Попадиќ, кој бил со Александар и Маја. Тој е повреден и лежи во болница во Удине. Му дадоа адвокат, но сметам дека тој не е виновен, вели Деспот и додава:
-Над телото на мојот син два пати е вршена обдукција. Вториот пат некој од групата рекол дека син ми пиел алкохол. Но тоа не е сигурно. И Маја потврди дека тие двајца цел ден пиеле вода, раскажува очајниот татко.
Во кривичната пријава на обвинтиелот се наведува дека Алекса Попадиќ е „виновен поради небреност, неподготвеност и неискуство при планинарење, не обраќал внимание на инструкциите на водичот, и продолжил да се качува кон врвот. Тој исто така се откачил од јажето и предизвикал смрт на Џавовиќ туркајќи го со себе и на делот од карпата која се наоѓала под нив“.
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот